Достапни линкови

Најголем проблем за создавање заеднички македонско-албански предизборен настап е тоа што партиите своите кампањите се уште ги базираат врз етнички прашања.

По зачестените средби меѓу опозициските партии во македонскиот и во албанскиот политички блок, дел од експертите велат дека позитивно е што тие се обединуваат против избори на 24 април, но оценуваат дека се уште во Македонија се мали шансите за предизборна коалиција меѓу македонските и албанските политички партии.

Опозицијата сака да ги координира ставовите за тоа дали Македонија е спремна за одржување избори на 24 април или не. Позитивен е настанот, но за некоја посериозна соработка двете страни засега не се спремни. Нивните кампањи во добар дел ги засноваат на етнички прашања и кога тоа ќе се наметне како тема имаат дијаметрално спротивставени ставови.

Политичкиот аналитичар, Насер Зибери, кој го застапува овој став, посочи дека најголем проблем за создавање заеднички македонско-албански предизборен настап е тоа што партиите своите кампањите се уште ги базираат врз етнички прашања.

„Опозицијата сака да ги координира ставовите за тоа дали Македонија е спремна за одржување избори на 24 април или не. Позитивен е настанот, но за некоја посериозна соработка двете страни засега не се спремни. Нивните кампањи во добар дел ги засноваат на етнички прашања и кога тоа ќе се наметне како тема имаат дијаметрално спротивставени ставови“, вели Зибери.

Меѓу клучните пораки на дел од експертите е дека целите на партиите треба да бидат да се стабилизира внатрешната ситуација во земјата, а некои од нив спомнуваат дека треба да има можност од заеднички предизборен настап меѓу партиите од албанската и македонската заедница. Таквиот став го застапува поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

„Разликата е етничка, не е политичка, затоа што сите се граѓани на Македонија. Само предрасудите не спречувале досега. Времето е дојдено за таква работа“, вели Андов.

Јавноста деновиве беше сведок на контакти меѓу опозициската СДСМ со Движењето за реформи на ДПА и на НДП и со Гзим Острени, а претходно лидерот на СДСМ Заев го потврди ставот дека на Македонија не и требаат избори по секоја цена. Откако ги посочи платформите на партиите како сензитивни прашања што се уште не може да ги испорачаат заедно пред граѓаните Насер Зибери дополни дека проблем е што земјата е многу поларизирана.

„Политичките партии од македонската заедница ќе се обидат да направат еден трет блок кој нема можност да се приклучи ни лево ни десно. А кај албанските партии се очекува едно обединување на овие три партии кои се во моментот актуелни“, вели Зибери.

Според Стојан Андов и во наредниот период на политичката сцена доминантно ќе биде влијанието на трите најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но тој очекува дека новите партии може да имаат улога околу епилогот од изборите.

„Можеби тие ќе помогнат да се најде решение. По мое мислење нема да има изразит победник на овие избори. Веројатно ќе бидат присилени да прават голема коалиција.“

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG