Достапни линкови

Во Тексас прв случај на инфекција со вирусот зика


Здравствените служби на американската сојузна држава Тексас соопштија дека таму бил регистриран прв случај на зараза со вирусот зика преку сексуален пат. „Пациентот бил заразен со вирусот преку сексуален пат од инфицирана партнерка која престојувала во загрозените подрачја“, се наведува во соопштението. Светската здравствена организација деновиве повика на итна заедничка акција во светот во борбата против брзото ширење на вирусот зика кој предизвикува тешки оштетувања кај бебињата во Централна и Јужна Америка. Вирусот обично не се пренесува од човек на човек преку сексуален пат.

XS
SM
MD
LG