Достапни линкови

Кери: преговорите за Сирија треба да продолжат


Сириската опозиција би требало да ги продолжи индиректните преговори со сириските власти во Женева и покрај интензивното руско бомбардирање врз нејзините позиции. Ова синоќа во Рим го изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Тој додаде дека Русија ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се предвидува прекин на огнот и почеток на мировни преговори. Сириската опозиција веќе неколку денови повторува дека услов за почнување на мировните преговори во Женева е прекин на бомбардирањата и на опсадата на градовите, како и ослободување на затворениците.

XS
SM
MD
LG