Достапни линкови

Во Конгресот на САД закон против нуклеарниот договор со Иран


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри закон предложен од републиканците со кој му се отежнува работата на претседателот Барак Обама во укинувањето на санкциите против Иран што е предвидено со договорот меѓу Техеран и светските сили. На овој закон, според очекувањата, претседателот Обама ќе стави вето кое пак не ќе може да биде отфрлено од двата дома на Конгресот бидејќи за тоа се неопходни и две третини од гласовите, што значи и оние на демократите. Иран остро се спротивстави на оваа регулатива, а Белата куќа предупреди дека може да предизвика колапс на нуклеарниот договор што стапи во сила во минатиот месец.

XS
SM
MD
LG