Достапни линкови

ЕУ го зголеми притисокот врз Грција за границата


Европската комисија вчера усвои извештај со кој се зголемува притисокот врз Грција да почне адекватно да ја контролира границата со закана дека Атина би можело да се соочи со мерки од Брисел. Комисијата препорачува Грција да ги проверува сите мигранти преку базата на криминалци, но и да ги смести додека не биде обработени ваквите податоци. Комисијата наведува дека мигрантите кои немаат право на азил мораат брзо да бидат враќани. Грција има три месеци за да ги исполни овие барања. Во спротивно Европската комисија би можела да им препорача на другите членки на Унијата повторно да воведат контроли на границите.

XS
SM
MD
LG