Достапни линкови

Рафал од кривични пријави против тимот на Јанева


Нови пет кривични пријави се поднесени во Основното јавно обвинителство против тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Пријавите се поднесени од различни физички лица, а се однесуваат за кривично дело - Малтретирање во вршење на службата. Три од кривичните пријави се против неколку непознати лица во Специјалното обвинителство, додека две се против двајца обвинители со конкретни имиња. Основното јавно обвинителство не открива детали за кои обвинители се пријавите, ниту кој ги поднел. Досега бројот на кривични пријави поднесени против Обвинителството на Јанева изнесува вкупно седум. Јанева најави дека неделава ќе одржи прес-конференција на која ќе се произнесе детално во однос на овие прашања.

XS
SM
MD
LG