Достапни линкови

ЗНМ за предлогот на Ванхуте, ММА и МАН против


Илустрација

Илустрација

ЗНМ и ССНМ денеска повторно побараа прифаќање на предлозите за медиумите на посредникот Питер Ванхауте. Македонската медиумска асоцијација, која ги претставува петте национални телевизии, смета дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци. Македонската асоцијација на новинари исто така смета дека законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се солидни. За оваа организација, предлозите за медиумската сфера на СДСМ и на посредникот Ванхојте се идентични и неприфатливи. Ако веќе мора да се менува законот, тогаш нега се преземе некој закон од европските земји, а не да се оди на хибридно решение. Двете организации се согласуваат дека е потребен изборен кодекс за сите учесници на изборите. Претставници на трите медиумски и новинарски организации денеска одделно се сретнаа со премиерот Емил Димитриев. Тој рече дека постојниот закон за медиуми, кој е работен со помош на Европската унија, е добар, а доколку се одлучи да има нов закон, тогаш предлагаат усвојување на кој било закон од земјите членки на Европската унија.

XS
SM
MD
LG