Достапни линкови

Пентагон бара повеќе пари за справување со „руската агресија“


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер.

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер.

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер изјави дека Пентагон бара 3,4 милијарди долари за 2017 година за спротивставување на „руската агресија“, што е четирикратно зголемување во однос на фискалната 2016 година.

„Ја зајакнуваме нашата положба во Европа за поддршка на нашите сојузници од НАТО со оглед на руската агресија“, рече денеска Картер во Вашингтон.

Тој додаде дека средствата ќе помогнат во зајакнување на американското присуство во Источна Европа.

Вашингтон и неговите европски сојузници воведоа неколку рунди санкции против Москва поради анексијата на Крим од Украина и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина.

Пентагон ќе побара вкупниот буџет за одбрана во 2017 година да биде 582,7 милијарди долари за американската армија да може да се справи со петте големи предизвици. Картер рече дека тие предизвици се Русија, Кина, Северна Кореја, Иран и милитантната организација Исламска држава.

XS
SM
MD
LG