Достапни линкови

Протест на гевгелиските автобуски и такси превозници


Илустрација.

Илустрација.

Транспортот на мигрантите од Прифатниот центар Гевгелија кон Табановце неколку дена е забавен поради штрајкот на гевгелиските автобуски и такси превозници кои бараат да бидат порамноправно вклучени во превозот, како и возовите, кои засега имаат приоритет. До изнаоѓање трајно решение на проблемот кој се провлекува неколку месеци, автобуските и такси превозниците на мостот кај Сува Река го блокираат минувањето на возовите со мигранти. Според информациите од регионалниот ЦУК Гевгелија, синоќа и во текот на ноќта затекнатите околу 1.400 мигранти од Гевгелија за Табановце биле транспортирани со автобуси и такси возила, но дефинитивно околу превозот на мигрантите од југ кон север не е договорено ништо на состанокот одржан вчера.

Од раководството на такси превозниците велат дека штрајкот продолжува до изнаоѓање на конечно решение, односно додека не се задоволи нивното барање за рамноправно учество со МЖ во превозот на мигрантите. Тие додадоа дека на барикадата кај мостот на Сува Река и понатаму ќе се блокираат само возовите со мигранти, а товарниот железнички транспорт се одвива нормално.

Ситуацијата пред и во Прифатниот центар Гевгелија, каде моментно има околу 850 мигранти е стабилна и мирна.

XS
SM
MD
LG