Достапни линкови

Попоски – Добредојдена е помош од Бугарија на јужната граница


Македонија е подготвена да прими помош од Бугарија во однос на обезбедувањето и контролата на нејзината јужна граница поради приливот на бегалци, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, пренесува БГНЕС.

„Секој европски партнер е добредојден, а тоа ја вклучува и Бугарија како наш сосед и партнер во процесот на евроатлантската интеграција. Така што, да“, одговори Попоски на прашање на маргините од втората неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка во ЈИЕ.

Што се однесува на позицијата на Скопје во однос на предлогот на Унгарија јужната граница на Македонија и на Бугарија да се смета како надворешна граница на Европската унија, Попоски одговорил дека се надева оти Грција ќе успее да ја контролира надворешната граница на ЕУ.

XS
SM
MD
LG