Достапни линкови

logo-print

Поднесено обвинение против 11 уапсени во акцијата „Ќелија“


Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција вчера до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднело обвинителен акт за предметот познат под полициска акција „Ќелија“. Во овој случај 11 луѓе се обвинети за „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, обвинението е дадено на постапување кај Совет за оценка на обвинителен акт при овој суд. На сите 11 обвинети, кривичниот совет им го продолжил притворот за уште 30 дена. Во полициската акција „Ќелија“, која беше спроведена на почетокот на август минатата година, беа уапсени девет лица кои беа поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации, а во продолжението на истрагата беа уапсени уште две лица.

XS
SM
MD
LG