Достапни линкови

Меркел бара Путин да помогне за стабилизација на Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел го повика рускиот претседател Владимир Путин да го искористи влијанието на Москва врз сепаратистите во источна Украина и да помогне да се обезбеди напредок за политичко решавање на кризата. Кабинетот на Меркел соопшти дека двајцата лидери денеска разговарале по телефон на барање на Путин. Германската канцеларка вчера во Берлин се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко. Меркел рече дека безбедносната ситуација во источна Украина мора да се подобри, примирјето да се почитува, а на меѓународните набљудувачи да им се овозможи неограничен пристап по зоната на конфликт за да се овозможи понатамошен напредок. Таа вчера рече дека во овој момент не гледа основа за укинување на економските санкции против Русија. Европската унија во декември ги продолжи санкциите до 31 јули. Во конфликтот во источна Украина досега загинаа повеќе од 9.100 луѓе.

XS
SM
MD
LG