Достапни линкови

Ден по Диво Насеље провладините телевизии добиле 2,6 милиони евра


Еден ден по крвавите настани во кумановско Диво Насеље, владата им префрлила 2,6 милиони евра на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа, соопшти денеска дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација од СДСМ, Александар Кирацовски. Сител и Алфа на 11 мај добиле по над 930 илјади евра, а Канал 5 добила над 820 илјади евра. Тоа, според Кирацовски, се медиумите под контрола на Груевски коишто за трагичниот инцидент во Куманово оркестрирано ги лажеа граѓаните дека некој подготвувал дестабилизација на Македонија, иако информациите подоцна открија вмешаност токму на високи владини функционери во случајот. Кирацовски вчера објави дека овие три телевизии во изминатите три години од владата добиле 13 милиони евра. Тој рече дека ова покажува зошто Груевски не сака договор за медиумите и оти без медиумска регулација избори нема да има.

XS
SM
MD
LG