Достапни линкови

СДСМ ја потпиша методологијата за прочистување на Избирачкиот список


СДСМ денеска ја потпиша методологијата за прочистување на избирачкиот список, а тоа претходно во текот на денот го сторила и ДПА, потврдува за РСЕ потпреседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи. Вчера ,како што рече тој, согласност до ДИК испратиле ВМРО ДПМНЕ и ДУИ па за денеска во 18.00 часот Комисијата закажала седница.

Според методологијата која пред Нова година ДИК им ја испрати на четирите партии ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од десет институции а ќе има и теренска проверка на местата за кои ќе се појават сомнежи.

СДСМ беше единствената партија која достави забелешки за методологијата што ја предложи ДИК но минатиот месец најави дека ќе ги повлече ако другите три партии го прифатат предлогот на посредникот Питер Ванхауте за медиумите изнесен во декември.

XS
SM
MD
LG