Достапни линкови

Најмалку девет бегалци се удавиле крај брегот на Турција


Илустрација

Илустрација

Турската крајбрежна стража денеска открила најмалку девет тела на бегалци, вклучувајќи и две деца, откако нивниот брод потонал во близина на турскиот брег, пренесува Танјуг, повикувајќи се на информации од локалните турски медиуми. Бродот тргнал од западната турска провинција Измир, најверојатно кон Грција.

Во Турција има 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците од Организацијата за миграција при ОН, повеќе од милион бегалци пристигнале во Европа преку морски пат.

Според податоците на ОН, повеќе од 800 илјади бегалци го преминале Средоземното Море на патот кон Европа оваа година, а повеќе од 3.400 загинале во тој обид.

XS
SM
MD
LG