Достапни линкови

План за справување со економската криза во Русија


Рускиот премиер Дмитри Медведев за денеска закажа состанок за акцискиот план за економскиот раст годинава. Предвидено е да присуствуваат министерот за економски развој Алексеј Уљукаев, првиот вицепремиер Игор Шувалов, сите вицепремиери, претседателскиот советник Андреј Белоусов и шефицата на Централната банка Елвира Набиулина. Медведев рече дека владата ќе ги поддржи стратешките индустрии со голем потенцијал за раст и замена на производите увезувани од запад, како што се автомобили, земјоделство и транспорт. Антикризниот план за 2015 година чинеше 2,3 билиони рубљи или околу 30 милијарди долари. Уљукаев проценува дека антикризниот план годинава ќе чини многу помалку, односно околу 750 милијарди рубљи или 9,6 милијади долари. За разлика од лани, со планот не се предвидува суштинска поддршка за банкарскиот сектор, туку ќе се фокусира на малите и средни претпријатија.

XS
SM
MD
LG