Достапни линкови

logo-print

Коркер: објавата за богатството ќе му наштети на Путин


Боб Коркер

Боб Коркер

Лидерот на републиканците во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат Боб Коркер изјави дека откривањето на богатството на рускиот претседател Владимир Путин ќе биде дестабилизирачко за неговото владеење. Тој во интервју за Гласот на Америка изјави дека рускиот народ почнал да сфаќа дека неговиот лидер поседува енормно лично богатство, што, според него, ќе создаде дополнителна нестабилност во Русија. „Такво богатство не се постигнува преку нормална работа во владата, туку само со корупција“, рече сенаторот Коркер. Деновиве во интервју за Би Би Си американскиот секретар во министерството за финансии задолжен за финансиски криминал и тероризам Адам Зубин изјави дека Путин имал големо лично богатство.

XS
SM
MD
LG