Достапни линкови

Тед Круз победи на републиканските првични избори


Сенаторот од Тексас Тед Круз, жесток конзервативец кој не ја ужива поддршката од лидерите на неговата Републиканска партија, победи на првичните партиски избори во Ајова, со што го порази милијардерот Доналд Трамп. Меѓу демократите, поранешниот државен секретар Хилари Клинтон и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс ги поделија гласовите. Клинтон доби 49,9, а Сандерс 49.4 проценти од гласовите. Од друга страна Тед Круз освои 28, а Трамп 24 насто од гласовите. Тоа е голем удар за Трамп, кој со месеци водеше меѓу републиканците и ги полнеше насловните страници во светот по неговите контроверзни изјави за жените, малцинствата, мигрантите. Трамп изјави дека е почестен што го освои второто место. Гласачите на внатре партиските избори во Ајова се првите со кои се регистрираат преференциите на кандидатите во претседателската трка во 2016 година.

XS
SM
MD
LG