Достапни линкови

Тачи: Ништо од тоа што се надевавме од Пржино не се исполни


Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска изјави дека наскоро би можел јавно да каже дека погрешил со тоа што ставил потпис на Договорот од Пржино бидејќи ништо од тоа што се надевал не се исполнило. Тачи ова го кажа по денешната средба со потпретседателот на ИРИ Томас Гарет и директорот за Европа, Јан Сурочак. Тој смета дека доколку бил прифатен предлогот на ДПА за организирање на попис на населението со цел да се добие веродостоен Избирачки список, до оваа ситуација немало да дојде. Според лидерот на ДПА, од преговорите нема никаква полза за Албанците.

XS
SM
MD
LG