Достапни линкови

Груевски се сретна со државниот секретар на германското МНР


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со државниот секретар на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот, кој е во посета на Македонија. На средбата, како што информира ВМРО-ДПМНЕ, е разговарано за повеќе актуелни прашања поврзани со тековната политичка состојба во државата, евроатланските интеграции и процесите што ќе се преземат на тој план. Груевски истакнал дека заложба на партијата е надминување на политичката криза преку одржување на предвремени парламентарни избори во април. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека постои доволно време кое треба да го искористат надлежните институции за сите неопходни процедури коишто ќе го гарантираат изборниот процес. Во тој контекст, истакнал дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е организирање на фер, демократски и слободни избори.

XS
SM
MD
LG