Достапни линкови

logo-print

Германија најави помош за враќање на авганистанските мигранти


Германскиот министер за финансии Томас де Мезиер вети финансиска помош за Авганистан за реинтеграција на вратените мигранти. За време на денешната посета на Кабул, тој рече дека повеќето Авганистанци кои дошле во Германија не биле мотивирани од страв за безбедноста, туку од желбата за подобар живот. Мезиер рече дека тоа е „разбирливо“ од хуманитарен аспект, но оти „тоа не им дава право на заштита“ во Германија. Тој рече дека егзодусот на образовани Авганистанци од Авганистан мора да биде спречен и дека луѓето од Авганистан треба да останат во земјата „за да ја изградат“.

XS
SM
MD
LG