Достапни линкови

logo-print

Меркел повика на продолжување на санкциите против Русија


Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика ЕУ да ги обнови санкциите против Москва што беа воведени поради руската анексија на Крим и поддршката за проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина. Меркел денеска рече дека „санкциите против Русија мора да останат додека Русија целосно го спроведе договорот од Минск“ за прекин на огнот со цел мирно решавање на конфликтот во источна Украина. Таа ова го изјави на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошено во Берлин. Таа рече дека со украинскиот претседател ќе разговара и за нова финансиска помош за Киев. Порошенко исто така повика на продолжување на санкциите против Русија и рече дека Москва неодамна испратила нови војници и оружје во источна Украина со што го загрозува кревкиот мир.

XS
SM
MD
LG