Достапни линкови

logo-print

Одмрзнати 100 милијарди долари на Иран


Иран соопшти дека сега има пристап до над 100 милијарди долари во странство кои беа одмрзнати како резултат на договорот за ограничување на нуклеарната програма со светските сили. Портпаролот на владата Мохамад Багер Нобахт изјави дека најголемиот дел од парите се во банки во Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Турција и дека беа замрзнати по заострувањето на меѓународните санкции во 2012 година. Најголемиот дел од парите ќе останат во банките со оглед дека Иран планира да купува производи од странство. Во меѓувреме, Централната банка соопшти дека девет ирански банки се повторно поврзани со СВИФТ, организација со седиште во Белгија која овозможува електронски трансфер на пари меѓу финансиски институции ширум светот. Иран и светските сили летоска се договорија за ограничување на нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG