Достапни линкови

logo-print

Попоски: Зајакнати критериумите за дипломати


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оцени дека со измените и дополнувањата на Законите од 2008 и 2013 година се зајакнуваат критериумите за сите кои сакаат да станат дипломати, зголемени се очекувањето за знаење, надградба и стекнување на нови вештини.

„Во МНР работат совесни дипломати, одлични професионалци кои си го знаат занаетот и најдобро знаат како да ја претстават Македонија во светот. Во изминативе години прво воведовме исполнување на многу високи стандарди на професионалност за сите оние кои се влезени во МНР, рече шефот на македонската дипломатија во изјавата дадена како реакција на предупредувачкиот протест, којшто денеска го одржа Синдикатот на дипломатската служба.

Според него, фокусот на работата на сите дипломати треба да бидат предизвиците со кои се соочува Македонија последните години, како мигрантската криза, ЕУ и НАТО - интегративниот процес и спорот за името.

XS
SM
MD
LG