Достапни линкови

logo-print

Дачиќ - Нема да воведеме санкции против Русија


Србија нема намера да се приклучи кон санкциите спрема Русија и се надева дека тие ќе бидат укинати што е можно побрзо, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Во Собранието на Србија тој рече дека санкциите не се начин за решавање на политички проблеми.

„Во интерес е да бидеме членка на ЕУ, но и сакаме да водиме сметка за нашите интереси. Не можете во исто време да барате од некои држави да нè поддржуваат во нашата борба во УНЕСКО, а да се придржуваме до санкции за Русија“, нагласи Дачиќ на расправа за закон за меѓународни мерки за ограничување.

Тој појасни дека законодавецот е со став дека не може да се спроведуваат обврски што произлегуваат од членство во организации во кои државата не е членка.

XS
SM
MD
LG