Достапни линкови

Наумов: Прекршени Законот и правилниците за задолжување


Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска обвини дека министерот за финансии го прекршил Законот за јавен долг и подзаконските акти кои го регулираат начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност. Тој најави дека ќе ја побара целокупната документација и одлуки кои претходат на објавувањето на проспектите и ќе поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспори утрешното одржување на аукцијата. Наумов вели дека аукцијата се најавува четири работни дена претходно, но оти министерот Зоран Ставрески ја закажал наредната аукција три работни дена претходно.

XS
SM
MD
LG