Достапни линкови

Вучиќ - Ме загрижува пролетта од безбедносен аспект


Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека првпат „го загрижува пролетта“ кога станува збор за безбедносната ситуација во регионот, поради неможност да се најде решение за мигрантската криза. Тој најави дека за два дена ќе учествува на конференцијата за Сирија во Лондон, каде ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон и со шефот на кинеската Влада, Ли Кечијанг.

„Верувам дека од нив ќе ги слушнам и решенијата кои ги предвидуваат за во иднина“, истакна Вучиќ, додавајќи дека неговата Влада ќе направи сè за да ја заштити Србија.

Според него, „за жал нема многу силни влади во регионот и не се знае во која земја ќе има избори, па би било добро да се избегне евентуалната нестабилност“.

XS
SM
MD
LG