Достапни линкови

Забелешките на Прибе за судството ќе бидат прифатени


Седница на собраниската Комисија за европски прашања.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, вели дека „независните експерти“ се виновни за негативните оценки од меѓународните институции.

Враќањето на угледот и професионализацијата на МВР, учество на оваа институција во обезбедувањето и реализацијата на изборниот процес и носење на нов закон за следење на комуникацииите се педизвиците на оваа институција во наредниот период, изјави министерот Оливер Спасовски пред Комисијата за европски прашања.

За жал има и такви кои на сметка на лични и партиски интереси сториле злоупотреба на службената должност, но и наштетиле на угледот на државата. Таквите раководни лица не може да бидат дел од изборниот процес затоа што тоа ним не им е приоритет.
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

На седницата на која се разговараше за тоа колку се имплементираат забелешките од извештајот на Прибе кои се однесуваат на судството, Спасовски нагласи дека увидел оти во МВР има професионалци, но и вработени кои не работат почитувајќи ги стандардите.

„За жал има и такви кои на сметка на лични и партиски интереси сториле злоупотреба на службената должност, но и наштетиле на угледот на државата. Таквите раководни лица не може да бидат дел од изборниот процес затоа што тоа ним не им е приоритет“, вели Спасовски.

Тој порача дека е неопходно и носење на нов закон за следење на комуникациите и нагласи дека во неговата изработка ќе учествуваат сите институции.

Бранко Ушковски, претседателот на Судскиот совет, кој се осврна на состојбите во судството, кажа дека му пречат критиките кои доаѓаат од некои, како што рече, наводно независни експерти, оценувајќи дека тоа допринело Македонија да добива негативни оценки од меѓународните институции. Првото начело од извештајот на Прибе се однесува токму на состојбите во судството и правосудството, а Ушковски рече дека сите препораки во детали ќе бидат прифатени.

Во извештајот на Прибе исто така се нагласува дека во државата мора да се обезбеди назависност на регулаторните тела.

Весна Бајрамовска од Канцеларијата на Народниот правобранител укажа дека кадровските решенија во оваа институција не може да доаѓаат од други институции.

„Не постои објективна причина да му се наметнуваат кадри на Правобранителот, односно кадровско доекипирање по пат на други институции, бидејќи таквите лица по ниту еден основ не ги задоволуваат критериумите за работење кај Народниот правобранител“, рече таа.

Петар Аневски, претседателот на Советот на Јавни обвинители, во својот говор кажа дека новиот закон за кривично право има недостатоци и треба да претрпи некои измени.

„Вакви проблеми имаа и во Хрватска. И во одредени јавни обвинителства се напушта тоа вкрстено испитување. И кај нас треба да се размислува во овој правец“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG