Достапни линкови

Протест против „деградацијата и политизацијата“ во МНР


Синдикатот на македонската дипломатија денеска пред Министерството за надворешни работи излезе на протест против „деградацијата и политизацијата“ во нивното министерство, со барање да се стават во мирување измените на Законот за надворешни работи од 2008 година до денес.

Дипломатите протестираа поради, како што велат, целосното деградирање на Министерството за надворешни работи преку партиско преземање и вршење на надворешно-политички активности. За дипломатите спорни се и ингеренциите на економските промотори, кои според нив се поголеми од оние на дипломатските претставници.

XS
SM
MD
LG