Достапни линкови

logo-print

Бомба врз домот на гувернерот на Централната банка на Молдавија


Илустрација.

Илустрација.

Непознат напаѓач ноќеска фрлил рачна бомба кон куќата на гувернерот на Централната банка на Молдавија Дорин Драгутану. Јавното обвинителство денеска соопшти дека никој не бил повреден. Гувернерот и неговото семејство спиеле во моментот на експлозијата, која оштетила дел од објектот. Настанот се истражува како акт на тероризам, но не се знае кој стои зад него.

Драгутану во септември поднесе оставка, велејќи дека бил искористен како жртвено јагне од политичарите во скандалот во кој од банкарскиот систем на земјата исчезнаа една милијарда американски долари. Скандалот предизвика пад на владата. Драгутану сè уште е в.д. гувернер, со оглед дека не е назначен нов. Во меѓувреме, во Молдавија се одржуваат протести со кои се бараат предвремени парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG