Достапни линкови

Автопатот Атина-Солун ќе биде блокиран осум часа


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Грчките земјоделци денеска го блокираат автопатот Атина-Солун кај долината Темпи од 12 до 20 часот по локално време. Во моментов се одржува состанок на членовите на блокадата кај долината Темпи на кој се дискутира за следните чекори. Некои медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавија дека земјоделците ја разгледуваат можноста блокадата да ја зголемат на 12 часа. Земјоделците протестираат против владините реформи во пензискиот систем, социјалното осигурување и оданочувањето.

XS
SM
MD
LG