Достапни линкови

Младите бегаат, останатите мудруваат


Анализата за заминувањето на младите, ја разгорува дебатата. Најголем дел од читателите велат дека е „паметно“ што младите си отишле, а има и такви кои се обвинуваат кој е позаслужен за иселувањето - СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Заминувањето од Македонија постојано е жешка тема, а повторно се актуелизира со изјавата на Субхи Јакупи од ДИК дека според евиденцијата на МВР лани од земјава се иселиле дури 78.000 лица, а истражувањата, пак, покажуваат дека повеќе од половина млади сакаат да заминат во странство, а една третина од нив воопшто и не помислуваат некогаш да се вратат дома.

Не знам зошто заминуваат, Грујо им направи игралишта да играат фудбал и тоа на мали голчиња! Ама изгледа заборави дека за да играш треба да не бидеш гладен!.

Е, токму овој проблем ја разгорел дискусијата на нашата Фејсбук страница. Како пример, од неколкуте десетици постови ги наведуваме оние на Зоран Ангелевски кој кратко напишал: „Паметно‟, на Имер Мели Ходаи: „Само будала се враќа‟, или на Џо Џо кој алудира на ставот на професорката Каракамишева дека младите бегаат од земјава затоа што немале доволно љубов: „Да бе, од љубов заминуваат, ццц...‟ Новица Милановиќ порачал: „Што побрзо ГИТЛА од оваа проклетија‟. Има и такви коментари во кои се обвинуваат СДСМ и Црвенковски во чие време, според Горан Петрушевски, се затвориле фабриките и се отпуштиле двесте илјади работници. Вецан Стојковски удрил на подбив: „Не знам зошто заминуваат, Грујо им направи игралишта да играат фудбал и тоа на мали голчиња! Ама изгледа заборави дека за да играш треба да не бидеш гладен!‟ Јовче Ангелов смета дека Груевски никого не избркал од работа, туку секој што сакал повеќе пари си одел во странство...

Изјавата на пратеникот од владејачката партија Илија Димовски во која инсистира дека избори ќе има на 24 април и дека СДСМ ги контролирал двете најважни институции за обезбедување фер избори – МВР и ДИК – исто така собрала еден куп постови на Фејсбук. Ванчо Вранишковски се чуди зошто на власта постојано ѝ се виновни луѓето од опозицијата: „... А тие се на власт неколку месеци. А оние што 10 години се на власт не се за ништо виновни...‟

По текстот „За инвестициите со тапани, за ефектите молк‟, Душко од Карпош на нашата веб-страница искоментирал дека и тој е само обичен народ и гледа и слуша што што кажува Груевски, ама пишува: „...Џабе лажеш, џабе ти е сè‟, а Александер Штерн на Фејбук бара од власта да каже за десет години колку народни пари им дале на странските инвеститори за да дојдат тука. Тони Младеновски објаснува дека Груевски плаќа по 8 милион евра субвенции на странските компании плус две години не плаќаат придонеси за работниците, вели. „Тие пари се од буџетот и Груевски прави нелојална конкуренција на македонските фирми‟.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG