Достапни линкови

Несреќите не ги премислуваат бегалците


Несреќите не ги премислуваат бегалците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Несреќите не ги премислуваат бегалците

Најмалку 6 илјади мигранти и бегалци се очекуваат да пристигнат во грчкото пристаниште Пиреја во наредното деноноќие. Само во неделата таму пристигнаа над илјада и триста луѓе што покажува дека бројот на оние кои бегаат од војна и сиромаштија не се намалува и покрај несреќите на Егејското Море.

Скоро 40 луѓе се удавија, а 75 беа спасени откако чамец кој пренесувал мигранти до грчкиот остров Лезбос во саботата потонал на западниот брег на Турција. Тоа беше една од најсмртоносните несреќи од почетокот на мигрантската криза.

Но, мигрантите очајни да избегаат од конфликтните зони на Блискиот Исток продолжуваат да ги ризикуваат животите преминувајќи низ опасните морски канали меѓу Турција и Грција во гумени или дрвени чамци по разбрануваното море.

Во неделата над илјада и триста мажи, жени и деца кои беа заглавени на грчките острови поради штрајкот на грчките морнари, пристигнаа во Пиреја, во близина на Атина, носејќи ранци, пластични кеси, ќебиња и вреќи за спиење.

Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас во неделата соопшти дека Атина ќе го забрза завршувањето на пет центри за регистрирање на мигрантите на островите Самос, Лезбос, Кос, Лерос и Киос во близина на турската граница.

Локални и странски доброволци им даваат храна, чевли и капи пред да го продолжат нивниот пат со автобуси до грчката граница со Македонија, па до некоја западна земја на Европската унија.

Над милион бегалци и мигранти пристигнаа во Унијата во минатата година, од кои над 3 илјади и шестотини загинале. Бранот мигранти ја соочи Европската унија со еден од најтешките тестови во нејзината историја.

Некои членки побараа од Атина да направи повеќе во контролата на мигрантите, заканувајќи и се дека ќе ја исклучат од Шенген зоната.

Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас во неделата соопшти дека Атина ќе го забрза завршувањето на пет центри за регистрирање на мигрантите на островите Самос, Лезбос, Кос, Лерос и Киос во близина на турската граница.

Од петте центри за регистрација што ги побара Европската унија од Грција, засега функционира само еден.

Грчката влада исто така најави дека ќе ги комплетира и двата центра за релокација, како и поголемо ангажирање на министерството за одбрана.

Во меѓувреме, европската Агенција за полициска соработка Еуропол соопшти дека најмалку 10 илјади деца мигранти без придружба исчезнале откако биле регистрирани од властите во Европа во изминативе две години.

„Не сите од нив ќе бидат искористувани за криминални активности. Некои можеби веќе се кај семејствата“, изјави еден од раководителите на Еуропол Брајан Доналд за британскиот весник „Обсервер“, додавајќи:

„Ние само не знаеме каде се, со кои се и што прават“, вели тој.

Доналд предупреди дека бегалците сега биле цел на софистицирана паневропска криминална инфраструктура.

Меѓународната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека само лани во Европа пристигнале 26 илјади деца без нивните семејства. Постои страхување дека децата и младите без придружба би можело да бидат вовлечени во нелегални активности.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG