Достапни линкови

Саудиска Арабија уапсила американци


Саудиските медиуми јавуваат дека властите уапсиле деветмина американци под сомневање за тероризам. Претставник на Стејт департментот потврдил дека се запознати со случајот, но одби да го коментира. Американците биле уапсени во акцијата која траела неколку денови и во која биле уапсени и 14 саудијци, тројца јеменци, двајца сиријци, како и граѓани на Филипини и Казахстан. Во написот не се прецизира дали тие биле поврзани со милитантите на Исламската држава кои ја презедоа одговорноста за неколку напади во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG