Достапни линкови

Радари на НАТО забележале руски авион над Турција


Турција соопшти дека радари на НАТО регистрирале дека руски воен авион го нарушил турскиот воздушен простор на 29 јануари. Со тоа се отфрлени руските тврдења дека станува збор за пропаганда. Анкара соопшти дека руски авион од типот СУ 34 го нарушил турскиот воздушен простор и покрај предупредувањата. До ова дојде на два месеца откако Турција собори руски авион во сличен инцидент со што ескалираа тензиите меѓу двете земји. Москва и во двата случаи негира дека руски авиони навлегле во турскиот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG