Достапни линкови

Еуропол: исчезнати 10 илјади деца мигранти


Европската агенција за полициска соработка Еуропол соопшти дека најмалку 10 илјади деца мигранти без придружба исчезнале откако биле регистрирани од властите во Европа во изминативе две години. „Не сите од нив ќе бидат искористувани за криминални активности. Некои можеби веќе се кај семејствата“, изјави еден од раководителите на Еуропол Брајан Доналд за британскиот весник „Опсервер“, додавајќи: „Ние само не знаеме каде се, со кои се и што прават“. Тој предупреди дека бегалците сега биле цел на софистицирана пан европска криминална инфраструктура. Меѓународната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека само лани во Европа пристигнале 26 илјади деца без нивните семејства.

XS
SM
MD
LG