Достапни линкови

СДСМ-Груевски се плаши од фер и демократски избори


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Од СДСМ соопштија дека во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април. Од партијата истакнуваат дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски признал оти треба и мора да има такви избори. Но, според СДСМ, во паника од соочување со одговорноста за криминалното владеење во изминатите години, тој уште еднаш потврдил дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори затоа што знаел дека ќе загуби.

Од опозицијата наведуваат дека да не се плашел Груевски немало да ја кочи имплементацијата на клучните сегменти од Договорот од Прижино и ќе прифател прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.

XS
SM
MD
LG