Достапни линкови

logo-print

Груевски-СДСМ се согласи за избори на 24 април


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Сител изјави дека според Договорот од Пржино било предвидено одржување предвремени парламентарни избори на 24 април и тоа го потпишале сите партии, вклучително и СДСМ. Затоа, како што истакна не му е јасен ставот на СДСМ дека одлуката била донесена еднострано. Според него, двете институции што се задолжени за организација на изборите ДИК и МВР се во рацете на опозицијата така што, како што наведе, не може да стане збор оти не може да се прочистат избирачките списоците или дека нема доволно време.

Груевски порача и дека изборите мора да бидат фер, слободни и демократски избори и тоа е желба и на ВМРО ДПМНЕ и на коалиционите партнери. Тој ги повика членовите на ДИК да ги стават пред се и над се интересите на државата и да работат за граѓаните на Македонија.

Во однос на регулацијата на медиумите, тој истакна дека се подготвени без дебата да прифатат закон кој потекнува од било која земја членка на ЕУ. Но, според него, за нив не се прифатливи работи во коишто една партија ќе стави цензор во медиумите и или хибридни модели што ги нема никаде во ЕУ или пошироко .

XS
SM
MD
LG