Достапни линкови

Убиени 50 лица во напади на ИД во Сирија


Сириските медиуми јавија дека најмалку 50 луѓе загинале, а над 100 биле повредени во три експлозии во близина на шиитско светилиште на периферијата на Дамаск. Едниот напад бил извршен со автомобил бомба, а другите два напади со бомбаш самоубиец. Во нападите биле оштетени и згради и возила. Милитантите на Исламската држава ја преземаа одговорноста за нападите и соопштија дека целта им биле засолништа на шиитската милитија во Дамаск.

XS
SM
MD
LG