Достапни линкови

Сириската опозиција се заложи за решавање на конфликтот


Staffan de Mistura at the opening of Syrian peace talks at the United Nations (UN) Offices in Geneva on January 29, 2016.

Staffan de Mistura at the opening of Syrian peace talks at the United Nations (UN) Offices in Geneva on January 29, 2016.

Портпаролот на сирискиот Висок комитет за преговори, Салим ал Муслат изјави денеска дека опозициските групи од земјата сакаат да видат дека меѓународната заедница е сериозна во имплементирањето на нивните барања. Муслат истакна дека се за решавање на конфликтот во Сирија, но потребно е да се видат и позитивни случувања на теренот. Сириската опозиција присуствува на мировните преговори за Сирија кои се одржуваат во Женева со посредство на ОН, но се уште не е јасно дали ќе учествува во дискусијата.

Муслат при пристигнувањето во швајцарскиот град изјави дека не постојат предуслови за разговорите, но и дека Дамаск мора да ги ослободи децата и жените од владините затвори и да дозволи хуманитарна помош во погодените области. Во меѓувреме претставници на комитетот се сретнале со посредникот на ОН, Стефан де Мистура во хотел во Женева откако се заканиле дека ќе го напуштат градот пред почетокот на разговорите.

XS
SM
MD
LG