Достапни линкови

ОН бараат хуманитарна помош за Ирак


ОН соопштија дека се потребни 861 милион долари хуманитарна помош за жителите на Ирак чии животи биле уништени од војната. Хуманитарниот координатор на ОН за Ирак, Лиса Гранде изјави дека нивен приоритет е да им се помогне на луѓето кои се наоѓаат во најтешка ситуација со цел да им се дадат потребните средства за живот како храна, пари, засолниште и вода. Ирачките власти соопштија дека на земјата и е потребна помош од над милијарда долари годинава за да се справи со хуманитарната криза предизвикана од војната со милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG