Достапни линкови

Упасен осомничен по потонувањето на брод со бегалци во Турција


Турската полиција уапсила еден маж за криумчарење на луѓе откако најмалку 39 бегалци, меѓу кои и неколку деца се удавија откако нивниот брод потона во Егејското море. Властите соопштија дека 75 бегалци биле спасени, но стравуваат оти некои од жртвите останале заробени во потонатиот брод.

Бегалците тргнале од провинцијата Чанаккале, од брегот на Ајваџик и најверојатно се упатиле кон грчкиот остров Лезбос. Меѓународната организација за миграција соопшти дека повеќе од 250 бегалци загинале во јануари додека се обидувале да стигнат до нивната крајна дестинација.

XS
SM
MD
LG