Достапни линкови

Сириската опозиција пристигна во Женева


Мировните преговори за Сирија

Мировните преговори за Сирија

Најголемата сириска опозициска група пристигна во Женева за да присуствува на мировните преговори со посредство на ОН за ставање крај на конфликтот во Сирија, но се уште не е јасно дали ќе се приклучи на тековните разговори. Високиот комитет за преговори се очекува денеска да одржи прелиминарна средба со медијаторот на ОН.

Портпаролот на комитетот, Салим ал Муслат при пристигнувањето во швајцарскиот град изјави дека не постојат предуслови за разговорите, но и дека Дамаск мора да ги ослободи децата и жените од владините затвори и да дозволи хуманитарна помош во погодените области.

XS
SM
MD
LG