Достапни линкови

Смртна казна за 3 лица за силување во Индија


Судот во индискиот град Калкута осуди тројца мажи на смртна казна и други тројца на доживотен затвор поради групно силување и убиство на 21 годишна девојка во јуни 2013 година. Двајца осомничени беа ослободени од обвинението, а еден од нив почина за време на истрагата. Адвокатот на одбраната соошти дека се ќе се жалат на пресудата. Семејството на жртвата најави дека ќе се жали на ослободителната пресуда. Нападот во Калкута се случи шест месеци по групното силување во Њу Делхи, што наиде на меѓународна осуда и на повици за поголема заштита на жените. Индиската полиција регистрирала 36 735 случаи на силување во 2014 година.

XS
SM
MD
LG