Достапни линкови

logo-print

Најмалку 33 удавени и 75 спасени бегалци во Егејското море


Турските власти соопштија дека најмалку 33 бегалци, меѓу кои пет деца се удавиле кога нивниот брод потонал во Егејското Море. 75 бегалци биле спасени, а потрагата по преживеани продолжува, бидејќи се уште не се знае колку луѓе се наоѓале на бродот.

Градоначалникот на Ајваџик Мехмет Унал Сахин изјави дека се плаши оти бројката на жртви ќе биде поголема. Бегалците тргнале од провинцијата Чанаккале, од Ајваџик најверојатно кон грчкиот остров Лезбос.

XS
SM
MD
LG