Достапни линкови

Словенија и Хрватска загрижени за мигрантската криза


Премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Тихомир Орешковиќ изразија загриженост поради отсуството на ефикасна реакција на мигрантската криза. Според нив, тоа би можело да го дестабилизира Западен Балкан. По средбата тие истакнаа и дека за решавање на мигрантската криза потребна е подобра соработка на државите. Орешковиќ ја поддржа иницијативата на Церар, што побрзо да се запре текот на нерегуларни миграции со помагање на Грција, како и на македонските власти во јакнење на контролата на јужната граница.

XS
SM
MD
LG