Достапни линкови

Иран принудувал Авганистанци да се борат во Сирија


Хјуман Рајтс Воч соопшти дека Иран регрутирал илјадници Авганистанци кои живеат во земјата за да се борат во Сирија на страната на режимот на претседателот Башар ал Асад. Според извештајот, иранската исламистичка Револуционерна гарда ги мотивирала авганистанските бегалци и мигранти да се борат во Сирија. Некои од Авганистанците за организацијата изјавиле дека добивале закани оти ќе бидат депортирани во Авганистан доколку одбијат да се борат. Тоа, како што се наведува во извештајот, ги принудило Авганистанците од Иран да бегаат во Европа.

XS
SM
MD
LG