Достапни линкови

Димовски - Фер избори може да има и ќе има


Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека слободни, фер и демократски избори може да има и ќе има и оти СДСМ мора максимално да придонесе за тоа. Тој рече дека СДСМ ја има контролата и врз Министерството за внатрешни работи и доминантно врз Државната изборна комисија, двете најодговорни институции за спроведување на изборниот процес.

Димовски потсетува дека 24 април како датум за избори е предвиден и во Договорот од Пржино, кој е потпишан и од лидерот на СДСМ Зоран Заев, и затоа не може да стане збор за никаква еднострана одлука за распуштање на Собранието.

„Дополнително, Собранието, со гласовите на сите партии, вклучително и на СДСМ, го донесе Изборниот закон, во кој е дефиниран изборниот датум токму за 24 април 2016 година“, вели Димовски.

XS
SM
MD
LG