Достапни линкови

logo-print

Калашников ќе се произведува и во Флорида


Компанијата Калашников УСА од Пенсилванија соопшти дека планира да изгради фабрика во Помпано Бич во Флорира каде што се произведува автоматската пушка АК-47. Американската компанија претходно увезуваше оружје од концернот Калашников, оригиналниот производител на пушката АК-47 од Москва, но минатата година почна да го произведува во фабриката во градот Тулитаун во Пенсилванија, откако САД воведе санкции против Русија, поради нејзините постапки во кризата во источна Украина. АК-47 е една од најпопуларните автоматски пушки во светот, позната по нејзината издржливост и доверливост. Именувана е по нејзиниот конструктор Михаил Калашников, кој почина во 2013 година на 94-годишна возраст. Пушката се произведува од 1947 година.

XS
SM
MD
LG