Достапни линкови

Фронтекс: Намален приливот на сириски бегалци во Грција


Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) денеска соопшти дека бројот на сириски бегалци во Грција во изминатите месеци значително опаднал по намалувањето на бројот на луѓето кои лажно се претставуваат, јави Танјуг. Сиријците сочинуваат 56 отсто од сите мигранти регистрирани во Грција во 2015 година, но тој број опаднал на 51 отсто во октомври, 43 во ноември и 39 во декември минатата година, се наведува во соопштението на агенцијата, чие седиште е во Варшава.

Тие велат дека агенцијата може само да помогне во проценката на националноста на имигрантите кои доаѓаат, а оти нејзините податоци не покажуваат кој ќе бара азил.

Од друга страна, бројот на мигранти од Ирак се зголемил од 11 отсто во октомври и 12 отсто во ноември, на 25 отсто во декември 2015 година, додава Фронтекс.

XS
SM
MD
LG